February 17, 2019 11:32
Свет

Помпео: Русија и Кина се закана за напредокот на демократијата и слободниот пазар

Американскиот државен секретар Мајк Помпео за време на денешната посета на Братислава побара од земјите од Источна и Централна Европа да се спротивстават на кинеското и руското влијание.

Тој истакна дека Кина и Русија претставуваат двојна закана за напредокот на демократијата и слободниот пазар по падот на Берлинскиот ѕид во 1989 година досега.

Според Помпео, земјите од Источна и Централна Европа се исклучително ранливи од алчните инвестиции и политичкото мешање.

За да се спротивстават на таквата закана, САД ќе го зголемат својот ангажман во регионот преку договори за соработка во опдбраната и програми за размена, објасни државниот секретар на САД.

Словачка е втората земја, по Унгарија, во европската турнеја на Помпео, во чии рамки тој ќе ги посети уште Полска, Белгија и Исланд.

Related posts

„Билд”: Службена картичка на Путин е пронајдена во архивите на Штази

Igor

Драма во Санкт Петербург: Експлозија во трговски центар, 9 повредени и 50 евакуирани

24news

Падна Инстаграм и Фејсбук, корисниците ширум светот во паника

Ivona