April 8, 2020 10:07
Балкан

Помпео му порачал на Тачи да се укинат таксите за стоката од Србија

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, се сретна во Вашингтон со претседателот на Косово, Хашим Тачи. Помпео очекува Косово да ги укине таксите за српските продукти и да се искористи  добриот моментум креиран после потпишувањето на документите за обновување на авионскиот и железничкиот сообраќај, како и за завршување на изградбата на автопатот Белград-Приштина.

Потпаролот на Државниот Стејт Департмент, Морган Ортагус, преку соопштение порача дека секретарот Помпео на средбата во Вашингтон со претседателот на Косово, Хашим Тачи, ја потврдил  соработката помеѓу САД и Косово и поддршката за невзависно и суверено Косово.

-Секретарот Помпео исто така, ја истакна поддршката на САД за Специјалниот суд, чија работа е од витално значење за да се донесе правда за жртвите и да се зацврсти правната држава во Косово- се вели во соопштението.