Свет

Помпео: Владата на Хонг Конг е должна да го врати мирот на граѓаните

Американскиот државен секретар Мајк Помпео оцени дека владата во Хонг Конг мора да преземе одговорност за „враќање на мирот“ на таа територија, преку донесување „јасни мерки за да одговори на барањата на јавноста“.

„САД се многу загрижени поради влошувањето на политичките нереди и насилства во Хонг Конг. Насилството е неприфатливо, без оглед од каде доаѓа, но одговорноста за враќање на мирот пред сè е кај владата“ рекол Помпео.

Тој побара од извршната власт независна истрага за инциденти поврзани со протестите.