Балкан

Помалите градови во Албанија се празнат, а пренаселени се Тирана, Драч и Валона

Покрај се поголемиот процент на албански граѓани кои емигрираат во странство, со забрзана динамика продолжува и преселбата од помалите во големите градови во земјата, покажуваат податоци од Државниот институт за статистика (ИНСТАТ).

Според најновите статистички податоци за разлика од малите градови кои се празнат, Тирана, Драч и Валона стануваат пренаселени.

Само во Тирана денес живеат 895.000 жители или 31,3 отсто од вкупното население, што е трипати поголема бројка на население во споредба од пред три децении кога Тирана имаше околу 300.000 жители.

Експертите ја нагласуваат потребата од инвестиции и поддршка на политиките за развој во другите делови на земјата, како начин за подобрување на условите за живот и спречување на раселувањето.

Според податоците на ИНСТАТ градови кои забрзано се празнат се северниот град Кукс, кој денес има 77.000 и јужниот град Ѓирокастро со само 61.000 жители.

Нови вести

Терористот-убиец Куфодинас по 21 ден го прекина штрајкот со глад

Igor

Мета подготвен да ги презакажe локалните избори

Igor

Последен ден од предизборната кампања во Грција

Igor