April 20, 2021 04:36
Магазин

Полуголата Џенифер Лопез со една фотка ќе го урнеше Инстаграм

Иако има 51 година, пејачката и актерка, Џенифер Лопез е една од ретките која може лесно да се пофали со фантастично тело во оскуден костим за капење.

За кратко време, нејзината фотографија на Инстаграм во бел костим за капење, која го истакнува нејзиниот славен задник и едвај ги покрива градите, собра над пет милиони лајкови, а комплиментите буквално прскаа.

Јавноста неодамна ја осуди за премногу фотошопирање на нејзините фотографии, но критичарите сега се посипаа со пепел кога ја видоа фотографијата во оскуден костим за капење, кој едвај ги задржува нејзините бујни облини.