June 26, 2022 07:55
Спорт

Полскиот фудбалер Рибус исклучен од репрезентацијата поради договор со руски клуб

Полската фудбалска федерација (PZPN) го исклучи од репрезентацијата дефанзивецот Мацеј Рибус, откако фудбалерот одлучи да продолжи да настапува во руското првенство.

Рибус (32) изминатите пет години го носеше дресот на Локомотив Москва, а денеска потпиша договор со московски Спартак.

Полскиот селектор Чеслав Михнјевич му соопшти на Рибус дека „поради клупската политика нема да биде повикан во репрезентацијата за дуелите во септември и оти нема да биде во комбинација за настап на Светското првенство во Катар”, објави Полската федерација.

Рибус со 66 настапи во националниот тим е меѓу најискусните дефанзивци во полската репрезентација.

quy luật bầu cua go88 go88 iwin go88 lite

sunwin club apk game sunwin.vn không rút được tiền sunwin