February 18, 2020 11:29
Свет

Полскиот Сенат го отфрли предлог-законот за „дисциплинирање” судии

Полскиот Сенат, каде доминира опозицијата, денеска го отфрли предлог законот, со кој се овозможување „дисциплинирање” судии кои критикуваат владини реформи.

Од вкупно 100 сенатори, против предлог законот гласаа 51.

Долниот дом на парламентот, кој е контролиран од владејачката Партија на право и правда (ПиС), сепак може да направи законот да помине ако биде потпишан од претседателот Анджеј Дуда.

ПиС наведува дека е неопходно да се донесе законот, кој веќе е одобрен од Долниот дом на Парламентот за да се избегне хаос во правниот систем, бидејќи некои судии започнале да ја доведуваат во прашање законитоста на именувањето на другите според новите правила, што ги воведе ПиС.

Брисел, активисти за човекови права и правници веруваат дека законот е дизајниран да ги запре критиките на владините реформи, за кои тие велат дека имаат за цел да ја зголемат владината контрола врз судството.