November 26, 2020 05:51
Свет

Полскиот претседател Дуда позитивен на коронавирус

Претседателот на Полса, Анджеј Дуда е позитивен на коронавирусот, објави денеска портпаролот на претседателот, Блажеј Спихалски.

Тој напиша на Твитер дека Дуда се чувствува добро.

-Претседателот вчера беше тестиран за вирусот корона и резултатот беше позитивен. Тој се чувствува добро. Ние сме во постојан контакт со надлежните медицински служби – напиша Спихалски.