June 26, 2022 06:59
Свет

Полска: Серија на поштенски марки со ликот на Зеленски распродадена за еден ден

Поштата на Полска испечати ограничено издание на поштенски марки со ликот на украинскиот претседател Владимир Зеленски, а и покрај нивната висока цена, сите поштенски марки биле продадени за помалку од еден ден, изјави денеска иницијаторот на акцијата, членот на градскиот совет на Краков, Лукаш Вантух.

Според него, испечатени биле 99 листови од по девет марки, од кои секоја е нумерирана и има QR код.

Цената на една марка била 500 злоти или 106 евра, пренесува агенцијата „Униан“.

Како што рече Вантух, целата сума од продажбата на поштенските марки е наменета за набавка на хуманитарна помош за Украина.

Една од поштенските марки ќе му биде врачена на украинскиот претседател Владимир Зеленски, додека разгледница адресирана со оваа марка е испратена до рускиот амбасадор во Полска, Сергеј Андреев, на која пишува: „Добравечер, ние сме од Украина“.

go88 phiên bản mới nhất

sunwin pro bắt cầu tài xỉu sunwin SunWin - Game đổi thưởng hấp dẫn uy tín hàng đầu