April 14, 2021 19:33
Свет

Полска го укина карантинот за вакцинираните од коронавирус

Полска го укина задолжителниот карантин за луѓето кои се вакцинирани против коронавирусот, а влегуваат во земјата.

Оние кои имаат доказ за вакцинација нема да мора да бидат ставени во карантин при влегувањето во Полска, пренесуваат германските медиуми.

Исто така од карантин се ослободени и групите како што се студенти и ученици кои ја преминуваат границата поради образование.

Од 28 декември, секое лице кое влегува во Полска со „организиран превоз”, односно со авион, воз, автобус или брод, мораше да биде во десетдневен карантин.