October 6, 2022 12:01
Балкан

Полиција го запрела, алкотестот покажал дека има 4,17 промили алкохол во крвта

Кај 32-годишен возач вчера вечерта во хрватскиот град Винковци алкотестот покажал дека има 4,17 промили алкохол во крвта. Полицијата го привела на трезнење, а му се заканува и висока прекршочна казна, пренесува Индекс.хр.

Вуковарско-сремската полиција соопшти дека синоќа околу 22.30 часот при сообраќајна контрола го запрела алкохолизираниот возач кој веднаш бил исклучен од сообраќај и сместен во специјални полициски простории.

Според табелата со алкохолни труења, концентрацијата од 4 и повеќе промили може да доведе до кома и можна смрт поради престанок на дишењето, многу низок крвен притисок или задушување при повраќање поради отсуство на рефлекс за искашлување на течноста од белите дробови.