February 23, 2019 08:27
Фудбал

Полицијата тврди: Имаме доволно докази против Роналдо

Португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо е обвинет за силување во 2009 година, а по низа информации за случајот сега се огласи и полицијата во Лас Вегас.

„Тестовите кои се тогаш направени не се исчезнати, сè уште се кај нас. Имаме доволно доказен материјал. Во еден момент Роналдо ќе мора да дојде на сослушување. Јасно е дека осомничениот е надвор од земјата па во тој случај процедурата е посложена, но сослушување мора да има“, изјави Жакинто Ривера, официјален претставник на локалната полиција.

Пред неколку месеци во јавноста излезе приказната дека адвокатите од двете страни постигнале договор и дека Португалецот исплатил 375.000 долари на Кетрин Мајорка, со обврска случајот да не излезе во јавноста. Германски весник и претходно пишуваше дека Кетрин го обвинила Роналдо за силување, но тој го одрекуваше тоа.

Мајорка годинава повторно излезе во јавност и покрена обвинување. Роналдо за обвинувањата рече дека се лажни вести и дека Мајорка сака да стане славна преку наводен скандал со него.

Related posts

Полската сензација се сели во Милан

24info

Покетино: Сакате титули? Тогаш дајте пари

24info

Роналдо: Пет пати ја освоив Лигата на шампионите, Атлетико ниту еднаш

24info