February 3, 2023 11:45
Македонија

Полицијата работи во интерес на сите граѓани, независно од партиската профилираност на локалната самоуправа

На 29.11.2022 година околу 10.00 часот на ул.”2″ во с.Визбегово преземени се мерки по доставена пријава од општина Бутел за узурпирано државно земјиште сопственост на РСМ, а во владение на општина Бутел, бидејќи е извршен ископ и бетониран е дел од ископот на наведеното земјиште.

По доставен допис од општина Бутел и по добиена информација дека постои ризик за нарушување на јавниот ред и мир при интервенцијата од страна на градежната инспекција, од страна на полициски службеници веднаш е излезено на лице место и преземени се сите неопходни мерки и активности за одржување на јавниот ред и мир при интервенцијата од општинските надлежни служби.

Концептот на МВР да работи во интерес на сите граѓани, како нивни сервис, без разлика на политичко-партиската профилираност на локалната самоуправа продолжува, а денешната асистенција на барање на Општина Бутел е уште еден показател дека полицијата е и мора да остане сервис во функција на сигурноста и безбедноста на сите граѓани, професионална, департизирана и деполитизирана, гарант за спроведување на законите.