October 18, 2021 13:04
Свет

Полицијата побројна од протрамповските демонстранти пред Капитол

Полицијата околу американскиот Капитол денеска бројно ги надмина демонстрантите кои дојдоа да ги поддржат лицата на кои им се суди затоа што на 6 јануари насилно влегоа во седиштето на американската демократија  во обидот да го запрат потврдувањето на изборната победа на Џо Бајден.

Британските медиуми пренесуваат дека во центарот на американската престолнина денеска се појавија само меѓу 100 и 200 демонстранти, а некои од нив ги носеа знамињата на десничарската група „Three Percenters” (Три проценти).

Оваа група е именувана по наводниот процент од вкупното население кое успешно се спротивстави на британската власт за време на американската револуција.

Но, денеска  многу помалку од 700 луѓе пристигнаа пред Капитол, како што очекуваа организаторите.

Стотици припадници на безбедносните сили патролираа на подрачјето на Капитол, институција која е заштитена со ограда висока 2,44 метри, повторно подигната по шест месеци.

Сто припадници на Националната гарда беа во состојба на готовност.

На митингот зборуваа поддржувачите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој беше критикуван за охрабрувањето на илјадници луѓе да влезат во Капитол на 6 јануари, каде што се случи потврдата за изборната победа на Џо Бајден, која републиканците ја прогласија за измама.

Неговите поддржувачи инсистираат на тоа дека демонстрантите, кои се обвинети, се „политички затвореници”.

-Ова е прашање на правда и различен третман, рече Мет Брајнард, организатор на собирот кој се согласува со тврдењата на Трамп за кражба на изборите.

Mardock Scramble: The Third Exhaust Episode Full

Watch The Tatami Galaxy Episode 11

Website https://animeflv.uk: Watch A Thirty-Year Old's Health and Physical Education animeflv Episode 12 stream anime online

AnimeTV Watch anime online, English anime online HD

Zintro: https://www.zintro.com/profile/animefreakws

Easypropertylistings com: https://easypropertylistings.com.au/support/users/animefreakws/