Пријателката на исчезнатиот Матеј Периш, Маја од Сплит, се уште го има својот пасош, а српската полиција не и го одземал, јавуваат српските медиуми повикувајќи се на демант од српското МВР.
Претходно, хрватски медиуми повикувајќи се на неофицијални информации објавија дека на девојката ѝ е одземен пасошот.
Ноќта кога Матеј Периш исчезна, се обидел да стапи во контакт со неа преку социјалната мрежа Инстаграм, но таа не го контактирала. Со неа разговарала и белградската полиција.