January 27, 2021 17:32
Хроника

Полицијата го растури карневалот во Вевчани

Полициски службеници денеска интервенираа во Вевчани поради непочитувањето на мерките и прописите за спречување на ширење на коронавирусот односно забраната за групирање на повеќе од четири лица со што се загрозува здравјето на граѓаните  во услови на глобална пандемија.

-Имено, и покрај претходно постигнатиот договор  на три одржани состаноци со лицата инволвирани околу одржувањето на оваа манифестација да се почитуваат мерките и да нема групирање, денеска поголема група на граѓани се собра во Вевчани, без почитување на мерките односно со недозволено групирање поради што мораше да интервенира полицијата. По документирање на случајот, ќе бидат поднесени и соодветни поднесоци. Апелираме до сите граѓани заеднички да придонесеме за спречување на коронавирусот односно за зачувување  на здравјето како на жителите на Вевчани, така и на сите граѓани, велат од МВР.

Back Arrow (https://animefreak.ws/m/RlAX) Episode 2 at website https://animefreak.ws. See more bleach animefreak

That Time I Got Reincarnated as a Slime OAD Episode 5 at GoGoAnime gogoanime website