October 15, 2019 23:51
Свет

Полицијата во Париз употреби солзавец против жолтите елеци, 90 лица уапсени

Париската полиција денеска употреби солзавец за да ги растера антивладините демонстранти кои се обидуваат повторно да го оживеат движењето „жолти елеци”  со протест против економските мерки и против претседателот Емануел Макрон.

Полицијата соопшти дека до пладне се уапсени 90 лица, и стотина биле спречени да се соберат на авенијата Шанзелизе.

За растерување на мали групи демонстранти се ангажирани околу 7.500 полицајци кои употребиле солзавец во централните делови на градот каде не е одобрено одржување на протестот.

Затворени се повеќе од 30 метро станици.

Повеќето демонстранти не носеле флуоресцентни елеци по кои движењето го доби името.

Нови вести

Лекари без граници се повлекуваат од Сирија

Igor

ЕУ: Ирското Море ќе биде граница после Брегзит

Igor

Протест на Каталонците во Брисел, протестираше и Пучдемон

Igor