October 22, 2021 12:07
Свет

Полицијата во Мелбурн денеска се подготвува за четвртиот ден од протестите против карантинот

Полицијата во Мелбурн денеска се подготвува за четвртиот ден од протестите против заклучувањето, а центарот за вакцинација во градот е затворен неколку дена, откако демонстрантите го вознемириле персоналот, додека нови случаи на Ковид-19 низ австралиската држава Викторија го соборија дневниот рекорд.

Стотици демонстранти излегоа на улиците во градот со пет милиони жители, откако официјалните лица во понеделникот наредија градилиштата да се затворат две недели и пропишаа дека вакцините се задолжителни за градежните работници со цел да се ограничи ширењето на вирусот.

Неколку здравствени работници потврдија дека центарот за вакцинација во градското собрание во Мелбурн е затворен, откако неколку вработени биле физички и вербално малтретирани од демонстрантите додека доаѓале на работа.

Додека властите се подготвуваат за нови протести, Викторија денеска пријави 766 нови локални случаи, надминувајќи го претходниот рекорд од 725 заразени на 5 август 2020 година, со четири нови смртни случаи.

Нов Јужен Велс, пак, пријави 1.063 нови инфекции, повеќе од претходниот ден кога имаше 1.035 заразени, а починаа шестмина.

Австралија се бори со третиот бран на пандемијата, по избувнувањето на Делта вирусот во двата најголеми града, Сиднеј и Мелбурн и главниот град Канбера, што предизвика половина од 25 -те милиони жители на земјата да бидат под строги карантински ограничувања за да го спречат ширењето на инфекции.

Властите ветија дека ќе ги олеснат мерките кога 70 проценти од возрасните ќе бидат целосно вакцинирани, што се очекува следниот месец.

https://wcostream.cc close enough wcostream

Animepahe: Danganronpa 3: The End of Hope's Peak High School - Hope Arc anime episode Full online free at https://animepahe.cc dubbed anime

AniWatch Watch english anime Online in HD for FREE

AnimeDao Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

Podomatic: https://www.podomatic.com/podcasts/gogoanime-entity

Fr ulule: https://fr.ulule.com/animeflixnl/#/badges