December 2, 2020 01:54
Македонија

Полицијата вечерва “растури” свадба со 200 гости

Вечерва околу 21:30 полициски службеници и пазарната инспекција прекинале свадба во угостителски објект во селото Арачиново, објави Канал5i.

Телевизијата Канал 5 информира дека во објектот затекнати се околу 200 лица, а полицијата се уште се наоѓа во објектот.

Од МВР за Centar.mk ја потврдуваат информацијата.

Повеќе детали се најавени за утре.

Ова не е прва свадба која ја прекина полицијата. Неодамна имаше заедничка акција на пазарниот инсепкторат и полицијата на свадба во Глумово каде што имало над 300 гости. Газдите на ресторанот заработија пријави, а гостите ќе платат и казни.