January 23, 2021 03:50
Македонија

Полицајката Ангелеска која се удри во пајак возило си даде отказ од МВР

Јасмина Ангелеска, полицајката која беше повредена при извршување службена должност додека со пајак-возилото и вработени од „Градски паркинг“ му го кренале непрописно паркираниот автомобил на високиот функционерот во ДУИ, Бекир Асани, по 18 години служба, го напушта Министерството за внатрешни работи, затоа што, како што вели, таа и нејзините колеги трпат многу неправди од старешините – партиски послушници „што кројат туѓи судбини само за покажување на моќ“.

„Бидејќи ова е прв и последен пат јавно да пишувам за мојата кариера во МВР, решив да ставам слика во униформа која многу ја сакав и ја носев 18 години. Ајде да ја решиме дилемата, мојот стаж во МВР заврши. Јас повеќе не се пронаоѓав таму. Ми нанесоа неправди, зошто така се чуствуваа дека треба старешини во МВР (очигледно на некого не сум му се насмеала), а не зошто јас придонесов со моето работење. Тие старешини за мене ќе останат партиски послушници кои се на позициите пред се за личен интерес, а и за пред луѓе, комшии, пријатели, да си ги излечат комплексите кои им се на високо ниво. Да не навлегувам околу нив, ќе треба многу да се пишува, има Господ за нив, нема да ги заборави, што кројат туѓи судбини само за покажување на моќ, а не се свесни колку се немоќни, мизерни, неспособни, неписмени, неподобни. Со години покажуваат сила врз работниците и професионалците на штета на МВР, а како што пишав хранејќи си го гладното, мизерно его, а во МВР е хаос во секој поглед и во секој сектор од повисоките кругови. За жал, и тие некои што сакавме да работиме не ни дозволија, секоја наша постапка законска и секој успех беше дали ќе ми се одрази во кариерата или во најмала рака дали ќе ме пратат на дисциплинска каде повеќе од виш инспектор не седнал таму, зошто другите не грешат,„писмени се„? А и тие на таа дисциплинска се началници и старешини, судот на МВР. Кога ќе видиш, истиот те тужи, истиот ти суди. Тој систем повеќе не можам да го поднесам каде што дојде време на криминалците и лигушите – со исклучок на малкуте. Не е голема работа дека јас сум си заминала, се ќе биде исто и без мене, се ќе функционира како и да не сум работела никогаш таму, ама друго ме плаши, самото незадоволство од сите вработени во Министерството кои вложуваат, постапуваат, работат и ги казнуваат или пред нив се случуваат неправди благодарение на политиката и системот во државата и незадоволството, недовербата на граѓаните од полицијата. Дојде ред да си заминеш од онаму каде сè ти е познато, каде се твоите намили, каде си стварал, каде си се родил за да одиш некаде само затоа што трудот и работата се гледа и цени. На сите колеги им посакувам успешна кариера и многу од нив ќе ми недостасуваат. Господ да е секогаш и секаде со вас и да ве штити, па се гледаме во подобри времиња“, пишува таа.

Обвинителството на почетокот на минатата година се откажа од кривично гонење на функционерот на ДУИ откако не најде доволно докази дека извршил напад врз службено лице. Таа во медиумите пак изјави дека дека имала само вербална расправија со Асани и при повлекување од местото на настанот таа се удрила со левата рака во специјалното возило „пајак“, но не се здобила со посериозна повреда, што било констатирано и при лекарскиот преглед во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

My Hero Academia 2 (Dub) (https://crunchyrollfree.com/m/0g5R) Episode 25 at website https://crunchyrollfree.com crunchyroll 14 day free trial

Watch So I'm a Spider, So What? Episode 1 at website https://kissanimeonline.com vinland saga kissanime