November 24, 2020 07:36
Хроника

Полицаец повреден во сообраќајка на Партизанска

На 19.10.2020 во 13.15 часот било пријавено дека во Скопје, на бул.„Партизански одреди“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на МВР, управувано од С.Ф.(33) од Скопје и патничко  возило „фолксваген“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.З.(38) од Скопје.

Во незгодата С.Ф. се здобил со повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.