June 25, 2022 22:48
Хроника

Полицаец од Деве Баир зел мито за да пропушти патник без ПЦР тест

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до надлежното ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против полицискиот службеник И.Г., вработен во Полициската станица за ГП и ГН Деве Баир поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп” по член 357 од КЗ.

Пријавениот на 16.04.2022 од оштетениот А.Ѓ. побарал и примил парични средства за да не изврши службено дејствие кое морал да го изврши, односно му овозможил да ја помине границата без валиден негативен ПЦР тест, кој во тој период бил задолжителен при влез во Република Северна Македонија.

Против полицискиот службеник ќе биде покрената и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, како и отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

https://tai.go88.is/

bảng cầu tài xỉu sunwin sunwin 247. club sunwin apk 2021