Економија Македонија

Покрај пронајдениот глушец сега и пајак во мешавина од зеленчук

По пронајдениот глушец во златната мешавина на “Сани фантази- Царски микс” по потекло од Република Србија, сега е пронајден пајак. На социјалната мрежа твитер осамнаа фотографии каде меѓу смрзнатиот зеленчук ѕирка и сварен и пропржен пајак. Купувачот на шега напишал дека се надева дека „нема да ви се згади после пронајдениот глушец“.

За царска мешавина од оваа фирма имаше проблем на почетокот на месецов кога имаше сомнежи дека во паковањата има спакован глушец.

Тогаш Агенцијата за храна излезе со соопштение во кое стоеше дека поради сомнеж за физичка контаминација, присуство на страно тело – глушец, во замрзнат зеленчуков микс на “Сани фантази- Царски микс” по потекло од Република Србија, увезен од „КАМ ДООЕЛ“, Агенцијата за храна и ветеринарство издаде забрана за промет на овој производ и нареди негово повлекување од рафтовите на „КАМ“ маркетите на цела територија на државава.

Издадена е наредба на операторот со храна да изврши сопствена проверки на секоја серија од овој производ, во сите маркети каде е пласиран производот, на територијата на цела држава, се вели во соопштението од Агенцијата.

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Никола Бабовски тогаш потенцираше дека „АХВ“ ќе изврши вонредни инспекциски надзори и ќе провери дали пласираните количини од овој производ се повлечени од малопродажната мрежа. Извршени ќе бидат и органолептички прегледи на одредени примероци, од секоја серија на овој производ. Примероци за контрола на микробиолошките критериуми за безбедност на производот ќе бидат испратени на лабораториско испитување.

-Како одговорна институција за безбедноста на храната, апелираме ваквите случаи место на социјалните мрежи, да се пријавуваат кај надлежните институции. Ги потсетуваме граѓаните дека секоја недоследност во поглед на безбедноста на храната можат да ја пријават до Агенцијата за храна и ветеринарство, лично, писмено, електронски на [email protected] и на бесплатната телефонска линија за потрошувачите 0800 3 22 22, стои во писменото соопштение од Агенцијата.

AnimeHeaven my anime heaven: Hori-san to Miyamura-kun Episode 4

AnimeFreak watch anime online: Your Lie in April (https://animefreak.ws/m/675) Episode 22