Македонија

Пократка изолација на ковид-позитивните, рано е за укинување на сертификатите

На почетокот на следната недела ќе биде познато дали изолацијата на лица позитивни на ковид-19 ќе се намали од десет на седум дена. Иако новиот омикрон сојот се шири многу брзо, сепак надлежните тврдат дека болниците во земјава уште имаат капацитет за исполнување. Во меѓувреме продолжува апелот до граѓаните да продолжат со вакцинацијата.

Препораката за скратување на изолацијата доаѓа по вчерашниот состанок на Комисијата за заразни болести. Министерот за здравство Беким Сали изјави дека оваа одлука не е конечна, затоа што, како што рече, во идниот период состојбата со новозарезани ќе се следи и соодветно ќе се носат препораки и одлуки.Оваа препорака на Комисијата треба да се најде на Кризен штаб во понеделник, а во вторник веќе треба да биде на седницата на Влада.

Инаку, болничките капацитети во земјава за ковид пациенти се исполнети околу 60 отсто, од аспект на кревети, што значи болниците се уште имаат капацитет за исполнување. Тоа се општите болници по градовите, Инфективната клиника и „8 Септември”. Сепак, министерот за здравство посочи дека се преземаат мерки за подготвеност и за во текот на идната недела.

Во однос на задолжителното покажување на ковид сертификати, министерот за здравство потенцираше дека уште е рано да се зборува за нивно укинување, затоа што нивото на вакцинација на населението во земјава е многу помало во однос на другите земји.

Продолжува и апелот за вакцинација, бидејќи според министерот, досегашните резултати не ни покажуваат дека нашата популација е доволно имунизирана.

Целта е, вели Сали, да се постигнат барањата кои веќе се исполнуваат во други држави, а се релевантни барања и на почитувани професори или лица кои даваат јавни изјави и повици.

Според последните податоци на Министерството за здравство, во моментов во ковид-центрите во болниците се лекуваат 512 пациенти.

Од нив, 177 се во ковид – центрите во Скопје, а 335 на инфективните одделенија во другите градови. Според дневната евиденција, во моментот има 188 слободни кревети за пациенти со компликации од ковид-19.

 

https://44anime.net/. 4Anime Watch high quality 1080p online anime with English subtitles. You can watch free anime movies and movies online at 4Anime. Just sit back and relax!

watch animes Boruto: Naruto Next Generations

4anime.biz 4Anime The Seven Deadly Sins: Dragon's Judgement

watch anime online Naruto (Dub)

4Anime Bleach Episode 361

animes online The Daily Life of the Immortal King [Chinese Dub]