September 25, 2021 01:17
Спорт

Покетино: Навистина не верував дека е можно Меси да дојде во ПСЖ

Фудбалерите на ПСЖ утре го играат натпреварот од првото коло во Лигата на шампионите на гостински терен против Клуб Бриж.

Парижаните отвораат нова сезона во најелитното клупско натпреварување во светот, гостуваат во Белгија, а многумина веруваат дека ПСЖ може да оди до самиот крај оваа сезона и конечно да ја освои Лигата на шампионите.

Француските медиуми утрово објавија дека Маурисио Покетино утре за првпат оваа сезона ќе го стави неверојатно напаѓачко трио Меси, Нејмар и Мбапе во стартниот состав.

Аргентинскиот стручњак зборуваше за списанието УЕФА пред утрешниот натпревар во Лигата на шампионите и призна дека не верува оти ПСЖ може да го доведе Меси.

“Не сум вистинската личност да го опишам Меси. Има луѓе кои имаат поголем вокабулар од мене и можеби ќе се обидат да го опишат Меси онака како што го заслужува. Откако дојде во тимот се адаптираше и тренираше со полна брзина, бидејќи сака да биде на своето најдобро ниво што е можно поскоро“, рече Покетино, додавајќи.

“Не верував дека е можно Меси да потпише за ПСЖ, и кога се појави можност, сето тоа се случи брзо. Ние сме во одлични односи бидејќи и двајцата сме Аргентинци од Росарио и поддржуваме ист клуб (Њуелс Олд Бојс).”

Натпреварот помеѓу Клуб Бриж и ПСЖ се игра утре со почеток во 21 часот.

Harmagedon (Dub) (https://animepahe.cc/m/AbZ2) Episode Full

AnimeDao Watch anime online, English anime online HD

Watch anime online for free at AnimeHeaven watch anime online

KissAnime Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

Wakelet: https://wakelet.com/@gogoanimelol

Beermapping: https://beermapping.com/account/gogoanimelol