June 17, 2019 17:06
Магазин

Познат стенд-ап комичар почина на сцена

Познатиот британски стенд-ап комичар Ијан Когнито почина на сцена за време на својот перформанс, лежејќи така пет минути, а публиката мислела дека тоа е дел од неговата програма.

Шеесет годишниот комичар за време на својата шоу програма седел на столица, почнал тешко да диши, а потоа паднал и така лежел пет минути.

Публиката цело време се смеела, но никој не насетувал дека нешто не е во ред.

Ендрју Брд, кој го води „Lone Wolf Comedy Club”, изјави дека Когнито не се чувствувал добро, но инсистирал да настапи.

– Како и секогаш беше гласен… Мислев дека во тој момент има многу добар настап, истакна Брд.

Тој нагласи дека комичарот во текот на настапот се шегувал со своето здравје, па дури во еден момент и рекол на публиката: „Замислете да починам тука пред вас!”.

Брд бил прв кој дошол до комичарот кога забележал дека нешто не е во ред.

– Очекував во секој момент да каже „Бу”, изјави Брд.

Веднаш била повикана итна медицинска помош, која само констатирала дека Когнито починал

Нови вести

Музичари свиреа на инструменти од мраз за да ја подигнат свеста за климатските промени

zane

Револверот со кој се самоуби Ван Гог на аукција

zane

Индиски магионичар исчезна во река обидувајќи се да го имитира Худини

zane