December 12, 2019 12:01
Свет

Познат моден бренд почна со изнајмување облека

Шведската модна компанија „H&M” почна со тестирање на услугата за изнајмување облека.

Таков чекор е преземен бидејќи модната индустрија се наоѓа на удар на жестоки критики поради отпадот и загадувањето во текот на производствениот процес.

Според њујоршката агенција „Блумберг”, потрошувачите можат во обновената главна продавница на „H&M” во центарот на Стокхолм од минатиот петок да изнајмат облека на една недела за 350 шведски круни (37 американски долари).

Од шведската компанија најавуваат ширење на овој концепт и на другите пазари каде работи „H&M”.

Во тест-фазата, „H&M” го ограничи изнајмувањето на колекција од 50 парчиња облека, но не можат сите купувачи да изнајмат облека бидејќи понудата се однесува само на членовите на лојалити програмата на компанијата.

„H&M” ќе ги процени резултатите од пробниот концепт на работење за три мисеци, пред да направи натамошно ширење на таквата пракса.

– Силно веруваме во успехот на изнајмувањето, но сепак ќе ги испитаме реакциите на потрошувачите и ќе научиме повеќе за да воведеме подобрување и потребни промени, изјави Даниел Класон, шеф на развојното работење во шведската компанија.

Модната индустрија е под се поголем надзор, бидејќи е одговорна за дури 10 отсто од глобалната емисија на штетни гасови со ефект на стаклена градина и троши повеќе енергија отколку воздухопловството и бродарството заедно, покажуваат податоците на ОН.

Нови вести

ОН: Следните 12 месеци се клучни во битката за климата

Valentina

Активистите на „Гринпис“ се качија на седиштето на ЕУ пред самитот за климатски промени

Valentina

САД ќе издвојува 738 милијарди долари за одбрана

Valentina