November 30, 2021 08:33
Балкан

Познат белградски адвокат убиен поради фотките на фаталната полицајка во танга

Експлицитни фотографии на фаталната полицајка Дијана Хркаловиќ се причина за убиство на познат белградски адвокат, шпекулираат српските медиуми. Поранешната државна секретарка во српското МВР беше уапсена во петокот под сомнение дека прикрила докази за убиството на каратистот Властимир Милошевиќ, кој бил убиен од Вељко Беливук.

Речиси да нема ден да не излезат нови информации во врска со полицајката, а последни во јавноста излезе фотографија од Хркаловиќ, која се снимала во танга во својата канцеларија во МВР. Фотките се претпоставува дека прво ги испраќала на тогашниот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ, а потоа и до нејзините пријатели од криминалните кругови.

Се шпекулира дека токму поради експлицитните снимки Хркаловиќ имала голема лична нетрпеливост кон познатиот белградски адвокат Драгослав Мишо Огњановиќ, кој преку луѓе од полицијата ги видел снимките.

Огњановиќ, меѓудругото, бил адвокат на лидерот на „земунскиот клан“ и еден од водачите на црногорскиот „шкаљрски“ клан, Лука Бојовиќ, па поради тоа бил под опсервација на полицијата. Така Хркаловиќ дознала за разговорот во кој Огњановиќ открил дека ја видел полицајката полугола во нејзиниот кабинет. Фаталната полицајка ги корисела службените информации во корист на „кавачкиот“ клан, поточно на Беливук, исто како и информациите кои полицијата ги собирала против нив, така што ги прикривала доказите или ги уништувала.

Според медиумите во Србија, адвокатот бил убиен по разговорот со Драгослав Милорадовиќ Гале (43), кумот на Бојовиќ, а чиј транскрипт ексклузиво го објави Објектив.рс. Транскриптот веќе не е во архивата на МВР, бидејќи се претпоставува дека Хркаловиќ го уништила, како и голем број на други докази.

Прислушуваниот разговор бил одржан на 17 мај 2018 година во белградско кафуле. Милорадовиќ беше убиен само 12 дена по разговорот, а Огњановиќ на 28 јули истата година. За овие ликвидации директно осомничен е огранокот на „кавачкиот“клан, поточно нивниот водач Беливук, како и ликвидаторот на кланот Дарко Елез. Истрагата за двете убиства не даде конкретни резултати.

Хркаловиќ е тема на муабетот, а додека двајцата се прашуваат кој ја држи секретарката во МВР, адвокатот се надоврзува со констатација дека видел нејзини фотографии.

„Е види вака, жими крстов…видов вака, ѕид, некои книги, грбот на Србија и грбот на МВР, еден поред друг…градник, танги, подвезици, се слика самата себе и им ги испраќа. Добра е, добра…и јас би ја е…, и ти исто. И сега да ти кажам, видов едно 15 такви“ вели адвокатот.

„Фотографии„ прашува Геле?

„Ме слушаш, подвезици, чорапи, танги, оние најмалите, градник, цицка… не голема, не мала, вистинска. Не само тоа … Видов две -три слики (неразбирливо) Го молев човекот …

Целиот разговор може да го прочитате тука.

Хркаловиќ стана многу влијателен државен секретар во МВР каде дојде во 2014 година од Безбедносно информативната агенција. Во меѓувреме, таа влезе во политиката. Прво со Богољуб Кариќ како член на Движењето на силите на Србија, а потоа и со СНС.

Во Министерството за внатрешни работи ќе остане до 30 мај 2019 година, кога беше ослободен од должноста од кога е во „илегала“до 2021 година. Од тајноста излезе на почетокот на годината, не по своја волја, односно по сила на околности, кога „пукна“ приказната за Невоља и неговиот клан.

Во март таа беше испрашувана во просториите на СБПОК поради нејзината наводна врска со Елез и Беливук, кога одби полиграфски тест. Полиграф, исто така, одби на сослушувањето поради поврзаност со аферата за прислушување на претседателот Александар Вучиќ. Белградските медиуми тогаш објавија дека таа првично се согласила да биде тестирана, но дека во последен момент се премислила и одбила.

 

AnimeBee: the GHIBLIES anime episode 2 online free at https://animebee.to watch anime

Website https://animeheaven.pro: Watch Toriko (Dub) animeheaven Episode 50 my anime heaven

Watch Chihayafuru Episode 25

AnimeDao - Watch English Subbed Anime Online | AnimeDao Official

KissAnime: Happy Forest anime episode Full online free at https://kissanime.mx kissanim3