October 25, 2020 07:16
Балкан

Познат албански хирург ја загуби битката со Ковид-19

Еден од најпознатите албански хирурзи претпладнево ја загуби битката со Ковид-19. Станува збор за Агрон Мензелџиу вработен во универзитетската болница „Шефќет Ндроќи”, каде и бил хоспитализиран по добиениот позитивен резултат од направениот тест.

-Не напушти колегата Агрон Мензелџиу, неуморен доктор кој помагаше секому, а ете ние не можевме да му помогнеме. Прости ни и почивај во мир голем човеку кој секогаш се бореше за животот на луѓето, напиша меѓу другото неговиот колега Петрит Варгу.

Од 30 јуни кога битката со опасниот вирус ја загуби Арјан Пуши, познат хематолог, професор на Медицинскиот факултет во Тирана, што беше и прва жртва меѓу белите мантили, Мензелџиу е седми лекар кој умира како последица од Ковид-19.

Како последица од опасниот вирус деновиве починала и медицинска сестра. Сите се заразиле од контакт со пациенти.

Во Албанија и понатаму не се смирува епдемиолошката соостјба со Ковид-19. Според последните објавени податоци на Министерството за здравство и социјална заштита вчера регистрирани се нови 164 случаи, од направените 872 теста, што е околу 19 отсто од тестираните. Во двете ковид болници и понатаму бројот на хоспитализирани е висок, или 188 пациенти.