December 5, 2021 12:02
Скопје

Познато како ќе изгледа составот на новиот Совет на Град Скопје

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, соопшти дека во Советот на Град Скопје, ВМРО-ДПМНЕ со 78.538 гласа ќе има 17 советници, СДСМ со 52.431 глас има 12 советници, ДУИ со 26.338 гласа има 6 советници, Левица со 20.070 гласови има 4 советници, ЛДП и ДОМ со 9.152 гласа имаaт 2 советника, Алијанса за Албанците и Алтернатива имаат 11.447 гласови и исто така 2 советника, колку што доби и независната листа на Зелен хуман град со 9.062 гласа.

Во делот на градоначалник за Скопје, Петре Шилегов има 77.852 гласа и оди во втор круг со Данела Арсовска која освоила 85.657 гласови, соопшти Даштевски.