February 16, 2019 17:13
Македонија

Познато името на Македонецот кој е замешан во местење натпревари

Драган Силјановски, поранешен фудбалер на Антверпен и менаџер на актуелниот тренер на Бриж, Иван Леко и на напаѓачот на Андерлехт Иван Сантини, е уапсен рано утринава како дел од акцијата која ја покрена белгиската полиција информираат белгиските медиуми.

Според нив, апсењето на Силјановски е дел од акцијата ,,чисти раце” на белгиската полиција, која е поврзана во борбата со сузбивање на местени натпревари и корупција. Покрај, Силјановски уапсени и на распит се однесени Моги Бајат и Дејан Вељковиќ.

Оваа акција, која е веќе полн ек, е дел од европската истрага која има утврдено голем број наместени натпревари во 1А лигата во Белгија. Исто така, медиумите пренесуваат дека и Македонија е дел од оваа акција. Дали и колку македонскиот фудбал ќе биде здрман од оваа истрага останува да видиме наредниот период.

Related posts

Изречени мерки за претпазливост за Бобан Илиќ

24news

Заев на средба со седумдесетина компании членки на Стопанската комора Македонија – Турција

24info

Заев: Да го приближиме Охрид уште повеќе до Европа­, 30 септември масовно гласаме „ЗА“

24news