February 29, 2020 10:44
Ракомет

Познати ривалите на Вардар во новата сезона од ЛШ

Европскиот и македонски првак Вардар на ждрепка во Виена ги доби ривалите во новата сезона од Лигата на шампионите во која ќе го брани тронот.

Вардарци лани ја освоија втората европска круна, со победи над Барселонаи Веспрем на Ф4-турнирот во Келн, а оваа година се најдоа во групата „Б“. Беа извлечени од првиот шешир, а за ривали ги добија Веспрем, Киелце, Монпелје, Мотор Запорожје, Мешков Брест, Кил и Порто.

 

Група А: 
ПСЖ
Барселона
Флензбург
ППД Загреб
ПИК Сегед
Алборг
Елверум
Целје Пивоварна Лашко

Група Б: 
Вардар
Веспрем
Киелце
Монпелје
Мотор Запорожје
Мешков Брест
Порто
Кил

Најдобриот тим од групата ќе патува директно во четвртфиналето, додека екипите од второто до шестото место ги чека осминафинална битка со останатите екипи од групите.

Новата сезона од Лигата на шампионите ќе стартува на 11 септември.