November 29, 2022 05:23
Спорт

Познати потенцијалните ривали на Македонија за квалификациите од ЕП-2024

Македонската фудбалска репрезентација ждрепката за составот на групите во квалификациите за Европското првенство 2024 година кое ќе се одржи во Германија ќе ја чека во четвртиот рејтинг барабан. Извлекувањето е закажано за 9 октомври, а дотогаш ќе се анализираат можните противници, кој група би била по мерка за „црвено-жолтите“ да се надеваат на евентуален нов настасп на континеталниот осбир.

Според распоредот на селекциите поделени во рејтинг барабните Македонија треба да има голема среќа при ждрепката за да и остана надежта дека може да се носи со ривалите за првите две позиции во групата кои ќе водат на ЕП. Македонија ќе има во групата за ривали три подобро рангирани селекции од себе, но најголем проблем ќе бида ако се најде во група со Англија и Франција како ривали од вториот барабан, покрај десетте најдобри селекции од првиот барабан кои ќе бидат нсоители на групите.

Во четвртиот барабан покрај Македонија се и селекциите на Грузија, Грција, Турција, Казахстан, Луксембург, Азербејџан, Косово, Бугарија, и Фарски Острови, кои сигурно нема да ни бидат ривали во групата.

Од првиот шешир ако треба да се бара најпосакуваната селекција тоа би била Полска и Унгарија кој не е атрактивна, но во последно време играат одличен фудбал. Од вториот  посакувани противници се Израел, БиХ и Финска, против останатите тешко ќе се надигруваме.

Од третиот сигурно дека сакаме да ги избегнеме Норвешка, Ирска, Украина и Шведска. Петиот шешир не носи некој посебен квалитет, па така од таму веројатно проблем може да ни направат незгодните Словачка и Северна Ирска, а доколку се најдеме во група со шет селекции, тогаш од последниот барабан кој и да падне не би требало да претставува проблем.

Состав на рејтинг барабаните:

Прв: Холандија, Хрватска, Шпанија, Италија, Данска, Португалија, Белгија, Унгарија, Швајцарија, Полска.

Втор: Франција, Австрија, Чешка, Англија, Велс, Израел, БиХ, Србија, Шкотска, Финска.

Трет: Украина, Исланд, Норвешка, Словенија, Ирска, Албанија, Црна Гора, Романија, Шведска, Ерменија

Четврт: Грузија, Грција, Турција, Казахстан, Луксембург, Азербејџан, Косово, Бугарија, Фарски Острови, Македонија.

Петти: Словачка, Северна Ирска, Кипар, Белорусија, Литванија, Гибралтар, Естонија, Летонија, Молдавија, Малта.

Шести: Андора, Сан Марино, Лихтенштајн.