September 27, 2020 13:48
Балкан

Познати детали од ликвидацијата на криминалецот Стојановиќ

Страхиња Стојановиќ (30), кој во неделата беше ликвидиран со бомба поставена под неговиот џип БМВ Х5 во Нов Белград, не носел панцир, неговиот џип не бел блиндиран, а неговата девојка од Колумбија, Соња Суарез Гомез (45), често објавувала на социјалните мрежи каде патуваат, па затоа им бил лесен плен на атентаторите да го испланираат неговото убиство. Извор од истрагата наведуваат дека под џипот на Страхиња бил поставен пластичен експлозив со голема деструктивна моќ, пренесуваат српските медиуми.

Експлозивната направа поставена под џипот на Стојановиќ, најверојатно ја активирал велосипедист, кој бил во непосредна близина. Велосипедот подоцна пронајден напуштен во реката Сава. Прегледани се снимките од безбедносните камери од околните згради и е проверено движењето на сите минувачи, а истражителите најмногу се сомневаат во човекот облечен како професионален велосипедист, кој бил снимен од камерите додека минувал недалеку од местото каде што бил разнесен Стојановиќ.

Како што се дознава од истрагата под џипот имало помеѓу 1 и 1,5 килограми експлозив пентрит. Бил ставен под возачкото седиште. Претпоставка е дека експлозивната направа била активиран со далечински или мобилен телефон, што наведува дека убиецот го извршил делото од близина. Експлозивот бил поставен многу професионално, а експлозијата била насочена само кон возачкото седиште, каде што бил Стојановиќ. Неговата девојка од Колумбија, која се наоѓала на совозачкото седиште помионала  само со полесни повреди. Делови од експлозивот биле испратени на вештачење со цел да се најдат биолошки траги од убиецот.

Безбедносните експерти се убедени дека Стојановиќ е убиен поради крвна одмазда, во војната што се води меѓу завојуваните криминални кланови во Србија и регионот. Ликвидацијата со експлозив беше извршена од високо обучен професионалец, кој веројатно потекнува од редовите на специјалните единици на армијата или полицијата на една земја во регионот.

Боза Спасиќ, поранешен оперативец на Државната безбедност, смета дека Стојановиќ бил премногу опуштен и убеден дека е недопирлив.

-Страхиња и сите други „сериозни“ криминалци живеат во свој свет, што обичните луѓе не можат да си го објаснат на себе. Сепак, мислам дека секој мафијаш од неговиот калибар треба да биде претпазлив, затоа што Стојановиќ еднаш, со голема среќа, избегна ликвидација со експлозив минатата година – смета Спасиќ и додава:

-Според мене, дури и Страхиња да беше повнимателен, ништо не би му помогнало, бидејќи кога мафијата ќе реши да ликвидира некого, прашање на време е кога тие ќе го сторат тоа. За оваа ликвидација беше ангажиран експерт, кој постави ваков уред за да може експлозијата да биде насочена и да нема колатерална штета. Во подземјето е познато дека најдобри експерти за експлозиви во оваа област се поранешни специјалци од Република Српска, но тие луѓе се веќе стари, па поверојатно е дека тоа го сторил некој од нивните ученици. Бомбата можеше да биде увезена, односно направена или во Република Српска или, да речеме, во Бугарија, и беше само донесена во Белград и поставена. Вакво убиство е скапо, но исто така и многу ефикасно, вели тој.

Спасиќ е убеден дека убиството на Страхиња е нарачано од криминален клан од Црна Гора и дека станува збор за крвна одмазда.