Македонија

Позитивен на Ковид 19 вработен во градинка во Скопје

Вработен во градинка во Скопје е позитивен на Ковид 19, покажува статистиката на Институтот за јавно здравје. Во денешните естирани има 40 позитивни на коронавирусот.

Во изминативе 24 часа направени се 549 теста- преку ИЈЗ –302, Ветеринарен ф-тет -25, Авицена –24, Биотек -36, Филип Втори (Жан Митрев) –42, Систина со PCR метода  -26 и МАНУ -94.  Досега во земјата се направени вкупно 23.316 тестирања на Ковид -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 209 теста се во рамките на скринингот. Денеска е потврден 1 позитивен случај-вработен во градинка во Скопје.

Претходно вод досегашниот скрининг на вработените во градинките е утврден само еден позитивен во Битола.