June 23, 2022 20:12
Македонија

„Поздрав од Источна Македонија“- Рама им се обрати на Мишел, Фон дер Лајен и Макрон

На бината, каде што лидерите на земјите од Западен Балкан се фотографираат заедно со челниците на Унијата, Еди Рама, пристапувајќи им на специфичен начин, им се обрати на лидерите на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и на претседателот на Франција, Емануел Макрон.

„Поздрав од Источна Македонија“, им се обрати албанскиот премиер Еди Рама на европските лидери во Брисел. Видеото го објави албанскиот медиум РТК и можете да го видите ТУКА.

Тој повторно упати саркастична порака за однесувањето на Европската Унија кон македонско-бугарскиот проблем. На бината, каде што лидерите на земјите од Западен Балкан се фотографираат заедно со челниците на Унијата, Еди Рама, пристапувајќи им на специфичен начин, им се обрати на лидерите на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и на претседателот на Франција, Емануел Макрон.

Во написот од РТК се вели дека другите лидери на земјите од регионот само протоколарно се поздравиле со шефовите на ЕУ.

Неговата шега доаѓа непосредно по Самитот во Солун, кога тој пред грчкиот премиер Мицотакис и германскиот канцелар Олаф Шолц ја нарече Македонија, „Западна Бугарија“.