June 17, 2019 04:58
Хроника

Пожар кај Скопска Црна Гора

Пожар кај Скопска Црна Гора

Гори ниска мешана шума и бор на местото Црн камен, на потегот Липково, Скопска Црна Гора и селото Матејче.

Противпожарната бригада на Град Скопје добиле дојава за пожарот денеска околу 10 часот, по што веднаш испратиле екипи на терен.

Полициските службеници се излезени на терен, потврдија од МВР.

Во меѓувреме, Дирекцијата за заштита и спасување поради зачестените полски и шумски пожари апелира до граѓаните да не палат оган на отворен простор и да не фрлаат отпушоци од цигари и догорчиња.

– Апелот посебно се однесува на земјоделците кои интензивно се подготвуваат за пролетната сеидба и ги чистат и палат отпадоците и стрништата на нивите. Апелот се однесува и за оние кои се движат и работат во шумите, на излетниците, но и на сите граѓани, зашто доволно е само мала искра за да се потпали сувата трева или околната нискостеблеста вегетација, велат од ДЗС.

Оттаму препорачуваат доколку граѓаните забележат пожар на отворен простор, да го пријават во  надлежните институции.

Нови вести

Пронајден труп во распаѓање во Скопје

Igor

Кочанчанец принудувал сограѓанка на секс

Daniela

Десет Пакистанци откриени во џип кај Гевгелија

Daniela