June 18, 2019 17:30
Магазин

Пожар во домот на британската актерка Џоан Колинс

Британската актерка Џоан Колинс им заблагодари на пожарникарите на брзиот одговор по пожарот што избил во нејзиниот стан во Лондон.

Осумдесет и петгодишната актерка на социјалните мрежи објави видеоснимка од опожарениот ѕид, пренесе АП.

Таа исто така напиша на својот профил на „Твитер“ дека е благодарна на пожарникарите кои го гаселе страшниот пожар. Колинс додаде и дека нејзиниот сопруг Перси Гибсон бил херој бидејќи се обидел да го изгасне огнот со апарат за гаснење пожар.

Лондонската противпожарна бригада соопшти дека пожарот го предизвикала сончева светлина која се одбила од огледало и ја разгорела текстилната ролетна.

Тие наведоа дека ваквите пожари претставуваат посебен ризик за овој период од годината.

Нови вести

„Самсунг“ ги советува потрошувачите редовно да ги скенираат своите уреди за вируси

zane

Британија одлучна да стави крај на „брзата мода“

zane

Гладни за секоја кривина: Претставени новиот Porsche 718 Spyder и 718 GT4

zane