December 5, 2021 05:28
Македонија

Пожарот почнал од парното во предниот дел каде имало туби со нафта, патниците се задушиле и изгореле

„Глетката е страшна. Тие скокнале од автобусот од задниот десен прозорец“, изјави за БТВ секретарот на Регионалниот совет за безбедност на Перник Васко Пиргов кој меѓу првите пристигнал на местото на настанот.

Тој смета дека возачот на опожарениот автобус возел со несоодветна брзина, над 100 километри на час, и се движел по десната коловозна лента во делот на исклучувањето кај чешмата покрај патот.

-Автобусот удрил со предната десна гума на знак што летал 45 метри напред. Површината на патот беше совршена, автобусот не можел да се лизне. Нема знаци за сопирање, нагласи тој.

Пожарот започнал од предниот дел, а според полицијата кај резервните гуми имало туби со нафта.

-Од кај парното почнал пожарот. Патот беше полеан со нафта, рече Пиргов.

Според него, возилото застанало на бензинска пумпа која е оддалечена само 20 минути од местото на трагедијата па невозможно е возачот да заспал.

Според Васко Пиргов, повеќето од жртвите најверојатно се задушиле, а потоа изгореле. Нема начин да се отстрани тахо-картичката, бидејќи предниот дел е целосно изгорен. И лимот се стопил.