January 27, 2022 06:51
Македонија

Пожарот, а не големата брзина или пропустите на магистралата е главна причина за несреќата

Пожарот, а не големата брзина или пропустите на магистралата „Струма“, е главна причина за стравичната несреќа во Бугарија во која во автобус на „Беса транс“ животот го загубија 45 патници, информираше Министерката за регионален развој и јавни работи на Бугарија, Виолета Комитова, која  ги презентираше резултатите од увидот на делницата.

Според Комитова, на оваа магистала имало пропусти во сигнализацијата и заштитната ограда, која е направена според стандардите во 2002 година кога се реконструирал патот, но засега нема објаснување како точно избувнал пожарот.
По несреќата бугарските обвинители наредија проверка на патот каде што се случи несреќата, а како краткорочна мерка брзината на возење повторно ќе се ограничи на 90 километри на час.

-Овде има еден чуден настан – пожар, кој според мене е главна причина за жртвите, рече Комитова, додавајќи дека засега нема објаснување што го предизвикало пожарот.

Таа на брифинг изјави дека до денеска на патот каде што се случи несреќата не се завршени постапките за експропријација.

-Градежниците граделе на туѓо земјиште, изјави Комитова.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, изготвениот извештај за состојбата на патот уште еднаш потврдува дека не се работи за автопат, туку за експресен пат.

Комитова рече дека не може да се тврди дека дозволената брзина на движење од 120 километри на час е главната причина за несреќата.

До датумот на несреќата, завршено е одбележувањето само на централната линија, со задоцнување од околу шест месеци. Означувањето на оваа делница и поставувањето на знаците е доделено на две фирми со ист сопственик. Двете компании требало да ја постават и сигнализацијата. Во 2013 година тие го поставиле знакот за дозволена брзина од 120 километри на час, а заштитната ограда, кога била поставена во 2007 година, ги исполнувала барањата, но од 2021 година, според Комитова, има нови правила.

watch subbed anime. AnimeDao provides you a free anime streaming platform with little to no Ads for better viewing experience.

english dubbed anime The Daily Life of the Immortal King [Chinese Dub]

sites to watch anime Fairy Tail

animes online AnimeDao My Hero Academia Season 2 (Dub)

anime online My Hero Academia Season 3

That Time I Got Reincarnated as a Slime (Dub)