June 19, 2019 05:16
Култура

Поетесата Стојановска на научно-книжевни средби во Корчула

Поетесата Мирјана Стојановска од Битола учествува на Меѓународните научно-книжевни средби „Петар Канавелиќ”, што од 24 до 26 мај се одржуваат на Корчула, Хрватска.

Стојановска на научно-книжевните средби учествува со симпозиумска тема „Барокните украси како допирни точки меѓу македонскиот поет Григор Прличев и хрватскиот автор Петар Канавелиќ”. Таа се претстави со избор од својата поезија и со презентација на поемата „Бегалци од својот дом”.

На оваа научно-книжевна манифестација на Корчула што се одржува петти пат, учествуваат поети и книжевници од Хрватска, Црна Гора, Србија и од нашата држава.

Нови вести

Јубилејното 40.„Скопско лето” од 19 јуни до 31 јули

Igor

Голем музички концерт во Битола – гостуваат Псохомодо Поп, Ласт Експедишн и Дивље Свиње

zane

Денови на современ мексикански филм од 21 до 25 јуни

zane