October 28, 2020 07:13
Македонија

Подржувачите на Груевски од пред судот бараа да прекине политичкиот прогон

Петстотина граѓани, меѓу кои пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, како и поранешни министри пред Основниот суд Скопје 1 му изразија подршка на поранешниот премиер Никола Груевски и побараа да прекине политичкиот прогон против него и другите членови на партијата.

„Ова е политички прогон. Смешно е што главниот доказ е сè уште во Владата и секојдневно се користи. СЈО има една цел, а тоа е уништување на политичката елита на ВМРО-ДПМНЕ. СЈО е неуставно, а сите докази се прибавени на незаконски начин и не може да служат во судска постапка. Ги охрабруваме судиите да работат во согласност со законите“, изјави Александар Трајковски, кој заедно со Груевски е обвинет во случајот со насилството во општина Центар“.

Тој рече дека самоиницијативно, како членови на партијата и почитувачи на ликот на Никола Груевски дошле пред зградата на судот за да упатат неколку пораки. Според него, Иванов е единствен политичар што има кредибилитет да донесе одлука да го прекине прогонот на Груевски.

„Го повикуваме претседателот Иванов, единствениот политичар што има кредибилитет, да донесе одлука да се прекине овој прогон. Упатуваме јасна и недвосмислена поддршка за Иванов. Упатувам и поддршка за Никола Груевски бидејќи сме благодарни за неговите залагања. Тој се бореше за правда, ние ја поддржуваме борбата“, рече Трајковски“.

Меѓу присутните беа пратениците Трајко Вељаноски, Зоран Илиовски, Крсто Јовановски, Јохан Тарчуловски, Драган Данев и Невенка Стаменковска, како и ексфункционерот Оливер Андонов, поранешните градоначалници Стевчо Јакимовски и Ивица Коневски, поранешниот министер Марјан Додовски и други.

Според Стевчо Јакимовски, станува збор за политички прогон и дека дошол да даде поддршка на Судот да суди според законот.

„Даваме поддршка на Судот, на чесните судии да се одважат и да судат по словото на законот. Сите политички процеси да ги отфрлат. Таму каде што има криминал треба да се одговара. Но, вакви дела кои му се ставаат на Груевски, за набавка на „Мерцедес“, се класичен пример за монитран случај. Во исто време денеска гледаме дека СДСМ и Владата набавуваат возила од донатор на партијата. Чесните судиии да се одважат и да кажат „не“ на политичките случаи. Сум било какво било помирување, нема зошто да се помируваме, кој е виновен треба да одговара. Но да не измислуваме случаи како тероризам и да ги плашиме луѓето со 15 години затвор. Кој отворил врата треба да одговара, кој тепал треба да одговара. Луѓе што пукаат седум куршуми во глава лежат седум години, тие што удриле шамар 15, рече Јакимовски“.

Демонстрантите бараат и правда за обвинетите за 27 април. Тие извикува „Никола, Никола“, „Бараме правда“, „Лопови“, „Слобода за браќата“, „Уа, корумпирани политичари, уа, Кацарска“.

Откако во почетокот ја блокираа улицата пред Судовите, насобраните граѓани се префрлија и на другата страна на улицата блокирајќи го сообраќајот во двата правци.

Денеска Комисијата за мандатни прашања даде зелено светло на Груевски да му се одземе мандатот, но за тоа ќе одлучат пратениците на пленарна седница. Членовите на комисијата од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија седницата со констатација дека станува збор за политички прогон на Груевски.

(И.Ш.)

Фото: Слободан Ѓуриќ

Поврзани вести

Кривична пријава против Лидија Димова

24news

Нови 621 заболени од Ковид-19 – уште 15 лица починаа

Filip

Оливер Спасовски е позитивен на Kовид-19

Igor