June 25, 2022 23:09
Свет

Подољак: Преговорите со Русија се запрени

Киев и Москва потврдија дека преговорите се суспендирани.

Заменик-министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Андреј Руденко кажа дека засега нема преговори меѓу двете земји. Вели дека Киев не дал одговор на рускиот нацрт-договор. Руденко кажа дека украинската страна „се обидува да ги замагли одредбите кои се веќе договорени во претходните фази“ од преговорите.

„Украина, всушност, се повлече од преговарачкиот процес“, рече тој.

Подоцна, Михајло Подољак, советник на шефот на кабинетот на претседателот на Украина, ја потврди информацијата за пауза во преговорите.
„Процесот на преговори меѓу Украина и Руската Федерација е прекинат. Сепак, ќе биде обновен и, ми се чини, Зеленски ќе биде модератор“, рече Подољак.

Вели дека Украина нема да даде ништо „за да го спаси лицето на Путин“, затоа што „општеството платило огромна цена“. Последната рунда преговори се одржа во Истанбул на почетокот на април.

Подољак рече дека барањата на руската страна не се променети, за разлика од ситуацијата на фронтот.

– Денеска преговарачкиот процес е суспендиран. По коминикето во Истанбул, нема никакви промени, нема напредок. Руската Федерација останува во своето стереотипно размислување. Но, секоја војна завршува на преговарачка маса, додаде Подољак.

go88 apk ios kết quả go88 go88 mới nhất

SunWin - Cổng Game Quốc Tế sunwin bị sập chưa sunwin của ai