November 16, 2019 03:43
Свет

Поднесено барање со закон да се забрани Курц како канцелар

Парламентарната листа на партијата „Јецт“ поднесе барање до парламентот да донесе закон со кој ќе се спречат членовите на австриската влада, за која во парламентот е изгласана недоверба, да се вратат на своите поранешни позиции.

Пратениците ќе се изјаснат за предлогот кон крајот на неделата. Притоа, „Јецт“ сака да се забрани со закон поранешниот канцелар Себастијан Курц повторно да стане шеф на австриската влада. Пратеникот на „Јецт“, Алфред Нол, посочува дека законот треба да оневозможи членовите на владата, на која парламентот и изгласал недоверба, повторно да влезат во следната влада, односно да не можат да се вратат во државничките функции најмалку шест месеци по гласањето за недоверба.

Неговиот предлог ќе го погоди не само Курц туку и неговата експертска влада, која е на власт само неколку дена, бидејќи Народната партија (ОВП) ја раскина коалицијата со Партијата за слобода (ФПО).

Предлогот на „Јецт“ нема шанси за успех, бидејќи таквата промена во уставот ќе бара двотретинско мнозинство во парламентот, оценуваат во Виена.

Нови вести

Кипар тврди дека Турција го прекршува меѓународното право во потрагата по нафта и гас

Filip

Истражување: Климатските промени ги изложуваат идните генерации на доживотни здравствени проблеми

Filip

На 9 декември средба на Макрон, Путин, Зеленски и Меркел

Filip