February 23, 2019 20:55
Балкан

Поднесена кривична пријава против ученикот што ја жигоса тинејџерката

Против ученикот во Задар, кој ја жигоса соученичката, е поднесена кривична пријава.

Полициските службеници од Првата полициска станица во Задар спроведоа кривична истрага за малолетник на возраст од 15 години, за кој постои сомневање дека нанесол телесни повреди, според полицијата во Задар.

Ученикот во прв клас на Економско-биротехничката и трговска школа, со запалка ѝ ја втиснал буквата „У“ на раката на една ученичка, а друго младо момче го жигосал на вратот. Сето ова се случувало за време на часовите.

Таткото на 15-годишната ученичка рече дека малолетниот силеџија пред да ја жигоса неговата ќерка  ѝ побарал 10 куни и ѝ се заканил дека ќе ѝ ја запали јакната. Тинејџерката му дала пари, но тој сепак ја исполнил заканата и ја запалил нејзината јакна. Потоа, во училницата, тој се обидел да го притисне вжарениот предмет на нејзиното лице, но девојката успеала да избега. На крај, двапати ја жигосал нејзината рака.

Сега имаш тетоважа и можеш да се пофалиш дека си усташка”, ѝ рекол тој по жигосувањето.

Никој од училиштето не повикал брза помош ниту полиција. Директорот на училиштето Јозо Драгиќ тврди дека жигосувањето е детска игра. Тој смета дека медиумите направиле сензација

Related posts

Се укинуваат двојните контроли на границата меѓу Албанија и Косовo

Filip

Обид за убиство при тепачка во Книн

Filip

„То Потами“ ќе го поддржи преспанскиот договор

Daniela