October 23, 2021 00:06
Македонија

Подмладоците на партиите ќе потпишат декларација за фер, слободни и демократски избори

Во организација на Институтот ОХРИД денеска ќе се одржи традиционалното потпишување декларација за фер, слободни и демократски избори меѓу претседателите на подмладоците на политичките партии.

Со овој чекор, како што наведува Институтот, подмладоците на политичките партии ќе ја покажат својата заложба за спроведување слободни, фер и демократски избори, како и за достоинствена и фер предизборна кампања, а воедно ќе ја искажат својата решителност да се борат против говорот на омраза и да промовираат намалување и отстранување на говорот на омраза во општеството.

-Потпишувањето на оваа декларација ќе пренесе јасна порака до целата македонска јавност дека младите политичари како идни носители на одлуки, имаат силна волја, капацитет и одлучност да бидат идни лидери и да создадат поинаква политичка култура, издигнувајќи го политичкиот дијалог на повисоко ниво, наведува Институтот ОХРИД.

Декларацијата за фер, слободни и демократски избори прв пат беше потпишана во 2014 година, а Институтот ОХРИД ја спроведува програмата „Политички дијалог помеѓу младите политичари” од 2010 година. Програмата ги обединува сите активни политички подмладоци и нејзината цел е да негува и гради политичка култура и дијалог, но и да ги гради капацитетите, вештините и знаењата на младите политичари како идни лидери и носители на одлуки.

Настанот ќе биде јавен, церемонијален, но без публика, согласно рестрикциите наложени од корона пандемијата.

Website https://gogoanime.be: Watch Mahoromatic Summer Special gogoanime Episode Full detective conan gogoanime

Website https://aniwatch.pro: Watch Shin Koihime†Musou: Otome Tairan aniwatch Episode 12 anime sites

AnimeBee Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

Website https://animeflix.nl: Watch Lensman - Secret of The Lens (Dub) animeflix Episode Full anime

Bitchute: https://www.bitchute.com/channel/gogoanimebe/

Oyaaa: https://oyaaa.net/AnimeFreak