August 15, 2022 20:40
Економија Македонија

Подготвителна седница за блок тарифите за потрошувачката на струја на домаќинствата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска ја започна подготвителна седница за реформата на тарифниот систем за електрична енергија (блок тарифи).

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимовски во обраќањето истакна дека со овој тарифен систем чии контури се објавени пред повеќе од 30 дена главна новина ќе биде воведувањето на блок тарифи за потрошувачката на домаќинствата.

– Овие блок тарифи се воведуваат со една цел да се рационализира потрошувачката со електрична енергија, односно кој ќе троши повеќе тој ќе плаќа повеќе. Тарифните блокови претставуваат еден вид концепт како што беше персоналниот данок, кој има поголеми приходи да плаќа повеќе. Блоковите ќе важат исклучиво за време на важење на скапата тарифа, од 7 до 22. Евтината тарифа продолжува како што беше досега до 22 до 7 и цел ден недела и потрошувачката кај евтината тарифа нема да биде тарифирана врз основа на блокови, за евтина тарифа нема да важат блоковите, нагласи Бислимовски.

Клучното барање од Енергетската заедница и од Европската комисија, како што посочи тој, се реализира со овој тарифен систем.

– Граѓаните на своите сметки ќе имаат посебно цена за електрична еенергија набавена како продукт како и секој друг и посебна цена за користење на мрежата – за дистрибутивната и за преносната. Јасно во сметките ќе биде наведена колку е цена на електричната енергија која што ја купува универзалниот снабдувач и посебно ќе бидат издвоени цените, а со тоа и трошоците за користење на мрежните услуги. Кај мрежните услуги имаме повеќе категории и за секоја од тие категории ќе има посебна цена за користење на мрежата, нагласи Бислимовски.

Како што потсети тој, блоковите што ќе се применуваат во нашата држава ќе бидат следни – само за висока тарифа од 0 до 210 киловат часови првиот блок, од 210 до 630 киловат часови е вториот блок, третиот блок е од 620 до 1050 киловат часови и четвртиот блок е над 1050 киловат часови. Тука, како што рече, ќе бидат опфатени и домаќинства што се греат со електрична енергија.

На подготвителна седница учествуваат и професорите од Факултетот за електротехничка и информациски технологии (ФЕИТ).

Инаку, цената по која граѓаните ќе ја плаќаат струјата по 1 јули годинава ќе зависи од тоа колкаво покачување на цената ќе побара универзалниот снабдувач ЕВН хоум, откако ЕСМ, од чија понуда најмногу зависи цената, во петокот понуди цена од 48 e/MWh на тендерот за снабдување на универзалниот снабдувач со електрична енергија за потребите на регулираниот пазар, што е зголемување од седум евра во однос на минатогодишната цена од по 41 евро за мегават-час.

АД ЕСМ, во соопштение до медиумите, објави дека и годинава повторно ќе испорачаат 100 проценти за потребите на граѓаните и малите потрошувачи, иако законот им дава можност да испорачуваат енергија од само 60 проценти од потребите на ЕВН хоме. ЕСМ учествува со околу 32 проценти во цената за крајните потрошувачи.

МЕПСО и Електродистрибуција минатата недела веќе доставија барање до РКЕ за зголемување на нивниот дел во цената на електричната енергија за 60 до 80 отсто.

sunwin

game bài sunwin sunwin club sunwin web

sunwin

game bài sunwin

tải sunwin