February 23, 2019 08:33
Живот

Погледнете што ќе се случи ако го исфрлите лебот од исхраната

Обидете се да ги исфрлите јаглените хидрати од исхраната и уживајте во придобивките од оваа одлука…

Дали можете да замислите еден оброк без леб? Без оглед на тоа каков е вашиот одговор на ова прашање, ова би можело да ве интересира.

Во случај еднаш навистина да одлучите од својата исхрана да го исфрлите лебот, односно јаглените хидрати, ќе ви се случи ова:

Ќе изгубите килограми

Не напишавме дека ќе ги изгубите несаканите килограми бидејќи во овој случај, во оваа фаза, пред се се работи за губиток на наталожените течности во организмот. Сепак, ќе имате помалку килограми кога ќе застанете на вага. Јаглените хидрати во нашиот организам се складираат во облик на гликоген, а секој грам јаглени хидрати во нашиот организам врзува три до четири пати повеќе вода.

Ќе ви спласне стомакот

По неколку дена без јаглени хидрати во вашата исхрана ќе забележите дека вашиот стомак значително ќе спласне. Исхраната, секако, збогатете ја со намирници кои изобилуваат со влакна.

Повеќе енергија

Откако ќе го намалите внесот на вакви јаглени хидрати и ќе ја збогатите исхраната со зелен зеленчук, житарки од цело зрно, овошје… односно хранливи и квалитетни намирници, ќе си обезбедите енергија за целиот ден.

Related posts

Каде оди маста од телото кога ќе ослабеме? Одговорот ќе ве изненади

24news

На 27. јули на небото ќе настане хаос, помрачувањето на Месечината

24news

Сокрил камера во старечки дом каде лежела неговата мајка – Тоа што го снимил е ужасно!

24news