February 24, 2019 04:49
Магазин

Погледнете како ќе изгледа највисокиот кинески облакодер

„Adrian Smith + Gordon Gill Architecture“ победиле на натпреварот и добиле прилика за креирање на „Longgang Master Plan“, кој вклучува и 700 метри висок облакодер, наречен „Shenzhen-Hong Kong International Center“.

Со цел да стане највисокиот облакодер во Кина, овој проект ќе биде сместен во подожјата на Лонченг и Националните паркови на Деун.

Супер високата зграда е осмислена да биде нова скулптурна икона на панорамата Шенжен. Дизајн партнерот на „AS + GG“, Адријан Смит, рекол: „Shenzhen-Hong Kong International Center е антропоморфен по карактер, претставен и пренесен на многу апстрактен начин, во чест на спортистите кои тренираат и се борат, за да добијат прилика да се натпреваруваат на најголемите натпревари на светот. Тоа е директно интегрирано во овој проект. Резултатот е мускулна експресија формирана од високи стаклени перформанси со повеќеслојна текстура, која ги дефинира елементите на својата обликувана градба“.

Затоа, многу е веројатно дека оваа градба со текот на времето ќе стане една од најубавите кули на светот.

Related posts

Рецепт за најдобриот турски колач со слатко-киселкаст вкус

24info

Во повозрасно доба сексот е добар за жените, не толку за мажите

24info

СОЛЕНА ВОДА – ЗДРАВ УТРИНСКИ РИТУАЛ

admin