March 27, 2019 02:28
Спорт

Погба не одлета со Манчестер јунајтед во Дубаи

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Пол Погба не отпатува со тимот на собирот во Дубаи пред натпреварот со Тотенхем, објавено е на официјалниот сајт на клубот.

Причината за отсуството на Погба е повредата добиена на натпреварот со Њукасл. Се очекува Французинот да биде во можност подоцна да се приклучи на тимот.

Навивачите го прогласија Погба за најдобар играч во декември, па евентуално негово неиграње против Тотенхем ќе биде голем хендикеп за „црвените ѓаволи”.

Натпреварот е закажан за 13 јануари.

Во моментов Манчестер јунајтед е на 6.место во Премиер лигата со 38 бода, Тотенехм е трет со 48 бодови. 

Нови вести

Пике: Играм подобро за Барса, откако ја напуштив репрезентацијата на Шпанија

Filip

Игуаин може да премине во Рома во текот на летото

Filip

Поради хомофобични реплики, Евра може да заврши во затвор

Filip